Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Јаневска: Нема да има продолжување на зимскиот распуст

Нема да има продолжување на зимскиот распуст. Учениците на настава ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да има продолжување на зимскиот распуст. Учениците на настава ќе се вратат на 20 јануари, соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска. И покрај порастот на заболени од грип, насоките од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство се второто полугодие да започне согласно утврдениот план. Министерката упати апел до учениците и родителите за редовно посетување на наставата и што помалку изостаноци.

„Сите училишта ќе почнат навремено со новата учебна година, вчера веќе имавме од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за почеток на новата учебна година. Апелирам до родителите и учениците да бидат редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат, затоа што сите испитувања и во Македонија и во светот велат дека учениците кои редовно посетуваат настава даваат добри резултати“, изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Министерката Јаневска посочи дека научно-истражувачката дејност е меѓу врвните приоритети на Владата. Таа информираше дека се зголемени платите на професорите, како и средствата за наука, со цел професорите поинтензивно да се вклучат во научно-истражувачката дејност и своите трудови да ги објавуваат во светски признати списанија.

Реклама

„Апелирам да бидат вклучени и студентите, но и универзитетите малку да се реорганизираат, да спроведат формирања на стартапи, хабови и, се разбира, врв на целата наша заложба е проектот кој го водиме како Влада, за формирање на првиот научно-технолошки парк во Македонија“, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

При посетата на штипскиот Универзитет, министерката Јаневска ги образложи критериумите предвидени со новиот Закон за високо образование, кои академскиот кадар ќе мора да ги исполни за избор и унапредување во повисоко академско звање.