Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Ѓоргова на Светската конференција за религиски дијалог: Мирот се гради преку разбирање и почитување

Религијата не треба да биде средство за конфронтација, туку ресурс за дијалог,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Религијата не треба да биде средство за конфронтација, туку ресурс за дијалог, помирување и градење на заедничка иднина- истакна државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова на отворањето на Четвртата Светска конференција за религиски дијалог и соработка, посветена на темата „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, која од 22 до 26 јуни се одржува во Скопје.

Поздравувајќи ги учесниците од земјата и странство, претставниците на академската заедница, верските заедници и институциите, државниот секретар Ѓоргова истакна дека конференцијата се одржува во период на сериозни глобални предизвици, обележани со вооружени конфликти, мигрантски кризи, растечка нетолеранција и сѐ почести обиди за злоупотреба на духовните вредности за политички и идеолошки цели.

Во своето обраќање таа нагласи дека историјата покажува оти религијата, кога е инструментализирана од политички и економски интереси, може да биде искористена за создавање страв, поделби и страдања, но дека нејзината суштинска улога е да ги промовира човечноста, достоинството, мирот и заедничкото добро.

Реклама

-Историјата не учи дека религијата, кога е инструментализирана од политички и економски интереси, може да стане средство за создавање страв, поделби и страдања. Но, нејзината суштина е повик кон човечноста, достоинството, мирот и заедничкото добро- рече Ѓоргова.

Таа, како што се наведува во соопштението од Министерството за култура и туризам, оцени дека различностите не треба да се доживуваат како пречка, туку како вредност што придонесува за создавање поправедни, поинклузивни и помирољубиви општества, посочувајќи дека Република Македонија има драгоцено искуство во негувањето на соживотот, заснован врз почитување, дијалог и доверба меѓу различните заедници.

Ѓоргова ја потврди посветеноста на Министерството за култура и туризам за поддршка на иницијативите што го унапредуваат интеркултурализмот, научната соработка и општествената кохезија, а ја поздрави и иницијативата за усвојување и промоција на Декларацијата 2026 како значајна порака за мир, разбирање и меѓусебно почитување.