Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Ѓорче Петров со нови услови за инклузивно образование во Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за реализација на наставата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за реализација на наставата на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, кое функционира во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, соопштуваат од локалната самоуправа.

Оттаму наведуваат дека станува збор за една од првите вакви практики на локално ниво во Македонија, со која се унапредуваат условите за инклузивно образование и се овозможува соодветна поддршка за учениците со попреченост.

Градоначалникот Александар Стојкоски истакнал дека оваа иницијатива е јасен показател дека инклузијата не треба да остане само декларативна, туку да се преточи во конкретни услови и поддршка на терен.

Реклама

-Создаваме средина во која секое дете има еднаква шанса за развој и пристап до образование, без разлика на предизвиците со кои се соочува – посочил Стојкоски.

Соработката помеѓу Општината и ОУРЦ „д-р Златан Сремец“ е формализирана со меморандум потпишан во 2024 година, со што се воспоставува континуирано партнерство насочено кон обезбедување стручна и институционална поддршка.

Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со активности насочени кон унапредување на инклузивните политики и создавање услови за квалитетно образование за сите ученици.