Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Ѓорѓиевски: Традиционалната Дедомразовска трка и оваа година го обои плоштадот „Македонија“ со насмевки, радост и вистинска новогодишна магија

Традиционалната Дедомразовска трка и оваа година го обои плоштадот „Македонија“ со насмевки,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционалната Дедомразовска трка и оваа година го обои плоштадот „Македонија“ со насмевки, радост и вистинска новогодишна магија. Со повеќе од 800 учесници, градот денес пулсираше во празничен дух, а најмалиот учесник, стар само половина годинка, за мене е апсолутниот победник и најубавиот симбол на надежта и иднината, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека најмладите биле израдувани со новогодишни пакетчиња, додека „Златните славејчиња“ се погрижиле за незаборавна забава, која ги стоплила срцата на сите присутни.

-Огромна благодарност до Здружението „Прв до врв“ и Coca-Cola, кои со својата поддршка ја збогатија новогодишната еуфорија и уште еднаш покажаа дека празниците се најубави кога се споделуваат заедно. Забавата продолжува и вечерва. Со почеток од 18:00 часот, на градскиот плоштад ќе ве забавуваат Miyatta и DJ Goran. Се гледаме!, објави Ѓорѓиевски.