Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Чекајќи ја еврообврзницата Владата зеде кредит од 50 милиони евра од домашна банка

Буџетските приоритетни расходи ќе се покриваат со кредит од Шпаркасе банка во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетските приоритетни расходи ќе се покриваат со кредит од Шпаркасе банка во износ од 50 милиони евра. Оваа одлука била донесена на Владина седница, а денеска во јавноста ја пласираше и првиот човек на финансии. Бесими, кој уште од мај го чека евтиното задолжување, кажа дека и овој кредит е подигнат бидејќи се уште не е поволен пазарот, односно каматните стапки се далеку повисоки од лани за издавање на еврообврзницата која е планирана со Ребалансот на Буџетот. Задолжувањето ќе било со 2,2% камата а ќе се користело за покривање на буџетски расходи.

Ние сега работиме со банките да  обезбедиме поповолни услови. Ова го работиме  неколку месеци и  така дојдовме до овие 50 милиони. Ова задолжување се  користи за буџетски тековни трошоци.  Парите ние ги земаме во трезори и ние сега гледаме каква ни е позицијата на расходна страна, кажа Бесими.

Реклама

Владата ќе го отплаќа овој кредит 12 месеци со каматна стапка од 2.2 отсто. Спроед првиот човек на финансии ваквиот начин на краткорочно задолжување може да се случува и до крајот на годината, ако не се создадат поволни услови за ееврообврзница.

На Македонија и се потреби 900 милиони евра за да се покрие буџетскиот дефицит од 700 милиони и 200 милиони за вкупниот долг како што кажа Бесими.  Потребните пари со кој ќе се покрие буџетската дупка, Владата по се изгледа не планира да ги обезбеди со рационално работење дома.

Додека се задолжуваме на сите страни, никако да почнеме да кратиме на буџетари.  За една година бројот на институции во јавниот сектор се зголемил за 14 за само една година  покажа последниот извештај на МИОА. Формирани се 19 нови институции, а 5 се згаснати, укинати или трансформирани. Притоа од вкупно 1.346 институции, 8 имаат само раководно лице, во 32 нема вработени, а во 24 нема ниту раководно лице ниту вработени. На прашањата од АЛФА до МИОА за тоа кои се новите органи, зошто некои повеќе не постојат и каде можат да се видат годишните извештаи за сработеното нема одговор, а молк и од Владата дали планираат да го ревидираат работењето на малку познатите институции.

Кристина Алексиеска