Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Чаир ја стартува платформата „Во ритамот на здравјето“ со мерки против летните горештини

Општина Чаир ја промовира новата платформа „Чаир во ритамот на здравјето“, чија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Чаир ја промовира новата платформа „Чаир во ритамот на здравјето“, чија прва активност е насочена кон заштита на граѓаните од најавените високи летни температури, преку серија превентивни и здравствени мерки.

Како што соопштуват од локалната самоуправа, во рамки на акцијата, општината изврши проверка и санација на сите јавни чешми на својата територија, а на најфреквентните локации ќе бидат поставени дополнителни пунктови со вода за освежување на граѓаните. Планирано е и поставување медицински пунктови на јавни површини, каде што стручни лица и волонтери ќе даваат совети за заштита од топлотни бранови, како и основни лекарски прегледи.

Во активностите ќе се вклучат и здравствените домови од Чаир, Центарот за јавно здравје и други релевантни институции, со цел подигање на свеста за значењето на здравствената превенција во летниот период.

Реклама

Оваа иницијатива претставува почеток на долгорочната платформа „Чаир во ритамот на здравјето“, која има за цел да го унапреди здравјето на граѓаните, да поттикне здрави животни навики и да ја зголеми информираноста за превентивната медицина.- Во услови на брз и динамичен живот, превенцијата на здравјето на граѓаните и градењето на здрави животни навики е приоритет. Чаир е општина која не се грижи само за инфраструктурата, туку и за луѓето, бидејќи тие се најважни. Ние не реагираме само кога ќе се појави проблем, туку навреме започнуваме со активности кои ќе одговорат на најголемите предизвици на современиот живот – навремена здравствена превенција. Ги повикувам граѓаните активно да се приклучат во активностите, бидејќи здравјето е наш најголем дар. Воедно, сите активности ќе бидат бесплатни и достапни за граѓаните – истакна градоначалникот Изет Меџити.

Платформата ќе опфати низа активности поврзани со јавното здравје, правилна исхрана, физичка активност и грижа за ранливите категории, а ќе се реализира со учество на стручни лица од областа на медицината, нутриционизмот, спортот и едукацијата.