Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Филипче и Анѓушев молчат за обвинувањата дека биле „искрата“ за пожарот во тетовската модуларна болница

Два дена молк. Екс-министерот за здравство Филипче и првиот човек на „БРАКО“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два дена молк. Екс-министерот за здравство Филипче и првиот човек на „БРАКО“ Анѓушев како да пропаднаа во земја. Ниту збор, ниту демант, ниту реакција за индиректните обвинувања дека и тие се виновни за пожарот во тетовската модуларна болница каде живи изгореа 14 луѓе. Филипче треба да одговори зошто контроверзниот тендер за изградба на монтажните болници бил спроведен како набавка на парчиња, а не како цел објект и така заобиколиле потребните градежни и безбедносни протоколи. Фирмата „БРАКО“ на Анѓушев треба да одговори зошто работела без почитување на пропишаните стандарди, односно користеле материјали кои биле лесно запаливи и биле причината пожарот толку брзо избувнал. Алфа се обрати и до Филипче и до Анѓушев, но одговор не добивме.

Од друга страна, истрагата која се води во Обвинителството за организиран криминал и корупција е само да утврди дали е испочитувана законската процедура што се однесува на распишување и доделување на тендери, но не и за тоа дали тој што го распишал тендерот и тој што градел имаат вина за пожарот и за смртта на 14-те луѓе. Таква истарага не е во надлежност на организиран криминал, туку на основното обвинителоство, кое пак засега случајот го заврши со пресудата за директорите и болницата.  

Алфа неофицијално од свои извори дознава дека во обвинителството за организаран криминал се размислувало после пожарот да се отвори истрага и против Филипче и Анѓушев, префабрикуваните модуларни болници, но, под политички притисок таа истрага никогаш и не започнала.

Реклама

Во исто време, Филипче бил повикан да даде исказ од обвинителот Бесир Алиу кој го води предметот во тетовското обвинителство. Во тој разговор на прашања, екс-министерот се оградил од се, односно дека не дал никакви упатства и насоки како да работат модуларните болници, ниту пак дал упаство за користењето на кислородот, што било една од причините за брзото избувнување на огнот.

ИСКАЗ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ даден на ден 06.10.2021:

На прашање на јавен обвинител дали Министерот за здравство има издадено упатство по однос на употребата на кислородот во модуларните болници, истиот одговори: Не за тоа си одлочуваше секој директор на болницата соодветно.

Во истиот исказ, Филипче тврди дека МЗ имало стручњаци кои давале насоки какви контејнери и материјали да бидат користени, но никој од нив, не беше во предметот за пожарот во тетовската модуларна болница.

Викторија Миткова