Реклама
Економија

Трипуновски: Разликата е очигледна, од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и резултати

Разликата е очигледна, од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разликата е очигледна, од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и резултати. Ова, меѓу другото, го истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на прес конференција. 

Министерот се осврна на работењето во изминатите две години. Тој рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции. 

– За нашата посветена работа говорат резултати и бројки. Имаме зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, суфицит од 215 милиони евра истата година. Согласно податоците на ДЗС бележиме раст и во производството. Позитивен раст од 3,3% во прв квартал 2026 година. Исплатени и зголемени субвенции, истакна министерот. 

Реклама

Тој потсети дека, за Министерството да биде поблиску до земјоделците, реновирани се и отворени нови подрачни единици во повеќе места. Биле реновирани шумски полициски станици. 

 – Во текот на 2024 и 2025 година доделивме финансиска поддршка во износ од 75.000.000 денари на научно – образовните институции за набавка на опрема за лабораториски анализи, нагласи Трипуновски. 

Тој даде осврт и на зголемените откупни цени, придвижување на капиталните проекти, модернизација во земјоделството.  Тој додаде дека за центарот за сортирање и складирање во Струмица се подготвува документација, со почеток на изградба во декември 2026. Реконструкција на АФПЗРР – градежните работи се веќе започнати и ќе завршат до декември 2026. Ќе се воспостави база на земјоделско земјиште и интегриран систем, следен чекор е објава на тендер по одобрување од банката.

Говореше и за мерките за подобрување на наводнувањето, споменувајќи го проектот за Страиште, завршена е предквалификацијата и изборот на фирма е при крај, за многу брзо време, вели, ќе отпочне изградбата и за системот за наводнување Пепелиште, се работи на проектот и до крајот на годината се очекува да биде избран изведувач и за овој проект.

Трипуновски зборуваше и за ИПАРД,  нови повици и завршување на стари предмети. Кога станува збор за државно земјоделско земјиште, досега, рече, биле склучени  над  2.100 договори за околу 6.000 хектари, ослободени над 2.000 хектари, а во најскоро време ќе имало објавување на нови јавни повици.

Министерот се осврна и на успешноста во работата во делот на шумарството, ловството, рибарството.

 – Изминатиот период работевме и на носење на клучни законски решенија – Закон за земјоделско земјиште, Закон за земјоделство и рурален развој, Закон за уредување на пазарите, Закон за шумите. Во постапка е формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, подвлече Трипуновски. 

 Тој говореше и за кампањата ,,Македонско најдобро”.  

-Ја започнавме кампањата која има за цел да  се зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на руралните средини и ја подигнеме свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки од истите. Нашата работа се препознава преку реални резултати. Разликата е очигледна, од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и резултати. Од нефункционален систем за наводнување, денес имаме систем што функционира и допринесува зголемен принос на земјоделски култури. Денес Македонија забрзува со инвестиции, проекти, реформи. Нема враќање назад, кон оние што донесоа афери, порази и криминал, нема враќање кон политики што ја уништуваа државата. Ние ќе продолжиме уште посилно затоа што Македонија забрзува и нема да застане, рече министерот Трипуновски