Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Економија

Стоилковски: Нина Ангеловска сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати

Министерката на Заев, Нина Ангеловска си ги спаси парите од Еуростандард банка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката на Заев, Нина Ангеловска си ги спаси парите од Еуростандард банка, а земала и државна антикризна помош за својата компанија, ова денеска преку прес-конференција за медиумите го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај, фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии Нина Ангеловска, во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма Вебспот, фирма регистрирана за интернет трговија. Постојат сериозни сомневања дека Ангеловска повторно ја злоупотребила својата позиција и од државниот буџет, за кој што беше задолжена да го управува, сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати во време на епидемијата. Фирмата Вебспот во сопственост на Нина Ангеловска на 08.07.2020 година земала 210.909 денари, на 12.06.2020 земала 224.750 денари и на 19.05.2020 земала 224.750 денари, од помошта од антикризните мерки за време на епидемијата од Ковид-19. Односно вкупно околу 600.000 денари, вели Стоилковски.

Тој додава дека ја повикуваме ДКСК да отвори предмет по овој случај. Антикорупционерите мора да покажат храброст, без разлика дали постои притисок врз нив или не постои притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има.

Реклама

-Институциите мора да реагираат зошто ова е начинот како се трошеле парите една милијарда евра пари кои граѓаните ќе треба да ги враќаат со години. Ова е втора злоупотреба во низа на Нина Ангеловска, откако јавноста дозна дека навреме ги извадила своите 250.000 евра од пропаднатата банка Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра; банка зад која стојат непокриени кредити исплаќани кон струмички фирми блиски до Зоран Заев. Законите мора да почнат да важат за сите. Одговорност мора да има, рече Стоилковски.