Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Спасовски бега од одговор дали “нишани” кон тронот на Kовачевски на Бихаќка или фотељата на Пендаровски на Водно

Не важно каде, важно да е титула претседател. Министерот Оливер Спасовски, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не важно каде, важно да е титула претседател. Министерот Оливер Спасовски, со тоа што отворено не демантира, само ги подгреа шпекулациите дека можеби има амбиција да седне на местото на Ковачевски на тронот на Бихаќа, но и да биде кандидатот на СДСМ за шеф на државата. Во последното гостување на националната телевизија, и покрај упорното инсистирање на новинарот, Спасовски не стави крај на чаршиските муабети за неговите планови.

Најверојатно улогата на технички премиер за време на последните парламентарни избори и те како му ги поддигна амбициите на министерот за внатрешни работи, кој според гласините си има своја фракција во СДСМ и работи на случајот да добие некаква претседателска функција или кандидатура. Во времето кога на чело на Владата, а и во СДСМ беше Заев, Спасовски имаше јавни настапи, но претежно се држеше за работата на МВР, одржуваше пресови во врска со акции на министерството. Сега се појавува речиси секојдневно и тоа на спортски манифестации, саем за храна и слично, и за разлика од тогаш, сега Спасовски има став речиси за сите политички прашања во Македонија. Дали Спасовски работи на самопомоција, тој вели дека отсекогаш бил меѓу граѓаните.

Интересно е што токму на настаните на кои присустува Спасовски, кои се зачестени периодов, министерот промовира ставови кои се контра ставовите на неговата матична партија, дали тоа е заради собирање политички поени кај членството во обид да добие симатии за претседателска кандидатура или пак можеби во прашање е длабокиот раскол во партијата, засега е нејасно.

Реклама

Но јасно е дека Спасовски за законот за амнестија кој е предмет на разгледување на меѓународната заедница, кој дополнително ги раскара власта и опозицијата е една од клучните точки за кои Спасовски оди контра одлуките на владата на Ковачевски. Како и едно од најкрупните прашања за заштита на животната средина и здравје на граѓаните односно работењето на рудникот Иловица.

А вчера во интервју за МТВ тој кажа и дека не се согласува што поранешните структури во СДСМ немаат раководни позиции, а тој тоа го кажал и на партиските состаноци.

Мери Симоновска

https://youtu.be/VcfqAq5b1lg