Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Сеќавање на жртвите од Сребреница, но и преземање на одговорноста за се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сеќавање на жртвите од Сребреница, но и преземање на одговорноста за се она што се случуваше во војната во БиХ, кога хуманоста запре, а светот немо гледаше од страна. 31 година подоцна во македонското собрание беше одбележан 11 јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

„Човечкото страдање не знае за нација. Така беше во Сребреница, Рачак, а така беше и во Аушвиц“, вели Африм Гаши, претседател на Собранието.

„Денеска, 31 година по геноцидот во Сребреница се собравме не само да дадеме почит на жртвите туку да ја изразиме заедничката одговорност пред жртвите, правдата и човечкото достоинство. Сребренница не е само географско место, таа симбол на најголемото страдање во Европа“, истакна Џевад Хот од  Бошњачкиот национален сојуз

Реклама

Филозофот Ферид Мухиќ  предупреди да не бидеме наивни дека Сребреница нема да се повторни, бидејќи таа постојано се повторнува на други места во светот. Затоа, нагласи Мухиќ, потребно ќе биде да се откажеме од омразата.

„Да се освестиме да ја изгаснеме омразата да ги развиеме хуманистичките елементи разбирањето со чувството, и да се потрепе на тоа дека сме пред се луѓе кои имаат заеднички корени и заедники традиции и да даваме пример од Балканот каков што дававме 100тици години“, додаде Мухиќ.

Во меморијалниот центар Поточари, крај Сребреница регистрирани се 8.372 жртви, од кои над 7000 се досега идентификувани.