Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

“Се тенчи” подршката за уставни измени: Aко досега недостасуваа 8, сега им фалат 16 пратеници

Наместо власта да најде 8 пратеници како што се фалеше дека ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо власта да најде 8 пратеници како што се фалеше дека ќе обезбеди за гласање на уставните измени, таа изгуби 8. Бројката која Ковачевски треба да ја обезбеди во Собранието за да ги задоволи апетитите на Софија е недостижна и за неа се потребни 80 пратеници, што е барем официјално 16 пратеници помалку од она што владината коалиција располага.

Бројката можеби е и поголема ако се земе предвид шпекулацијата што никогаш не беше демантирана,  дека двајца пратеници од власта не сакаат да го притиснат копчето ЗА влез на бугарите во преамбулата на македонскиот Устав.

Иако Koвачевски ги загуби гласовите за уставни измени од БЕСА, Алатернатива и Демократско Движење сепак тој не нуди решение што и како ќе прави со тоа што го вети на меѓународната и Бугарија. На прашањето како премиерот го коментира губењето на пратниците, особено оние од албанската опозиција кои услоуваат да се тргне формулацијата 20% за да гласаат ЗА уствни измени, Ковачевски без концизен одговор, само рече дека не требало да се условуваат уставни измени.

Реклама
  • Овој процес за европски интеграции јас го сметам за клучен во државата и сметам дека не треба да биде условуван. Вие знаете дека аманданите кои беа поднесени од страна на Владата беа предмет на работа на работна група составена од експерти по уставно право, професори по уставно право, дури и бивши уставни судии, како и политички партии, рече Ковачевски.

А токму БЕСА, Алтернатива и движењето на Меџити односно нивните пратеници и те како му требаат на Ковачевски за да се доближи до потребната бројка за уставни измени, но партиите бараат нешто за возврат.

  • Секогаш и пред Вас и пред собраниската говорница сум рекол дека ако 20 отсто не биде дел од уставните измени, нема да ги поддржам уставните измени кои се во собраниска процедура. Тука нема промена на став ниту од моја страна, ниту од претседателот на партијата, рече Зендели.
  • Како пратеничка група од Демократското движење од почеток тоа беше нашиот став. До овој момент остануваме на истиот став, рече Мерита Колчи Коџаџику – Демократското движење.
  • Како „Алтернатива“ сме декларирале дека прво треба да го прифатат нашиот уставен амандман против корупцијата. Ако не се прифати тој амандман, нема да гласаме за уставните измени, рече Шаини.

Во моментов албанскиот опозициски блок располага со 7 пратеници, 1 пратеник од Беса, три од Алтернатива, три од Демократско движење. Партијата на Трајанов исто така кажа дека нема да гласа за уставни измени, тие во Собранието имаат еден пратеник. И ВМРО-ДПМНЕ и колацијата остануваат цврсти на ставот дека нема да гласаат уставни измени под бугарски диктат.

Мери Симоновска