Судството пред парализа. Администрацијата повторно излезе на протест, овојпат зашто Владата ги игногира веќе цела недела и не седнува да разговара со нив. Размислуваат за радикализација на протестите односно целосна блокада на работењето на судовите.
- „Веќе 7 месеци од Март си ги бара своите права, односно покачување на плата за 78% од минимална плата и исплаќање на додатоците од 35% кои беа ускратени откако се покачи платата на функционерите. Не престануваме!“ – Истакна Јасмина Величкова од синдикатот на судска администрација.
Штрајкувачите и порачаа на власта да не ги залажува со десетина проценти покачување, бидејќи на плата од 20 илјади, тоа би биле само незначајни 2 илјади денари.
- „Више дојде во ситуација, во фаза кога не размислуваме со главите туку почнавме да размислуваме со стомаците. Ситуацијата почна да излегува од контрола. Ги повикуваме повторно да седнат на маса и да ги послушаат нашите барања, а тоа е зголемување во реални цифри.“ – Порача Драган Јосовски од синдикатор на правосудството.
Велат дека судиите не можат да работат без нив, а платата помеѓу административец и судија е со над 80,000 денари разлика, односно сооднос 1 спрема 6, кој во минатото, бил еден 1 спрема 2.

- „Нашето барање кое ни следува по закон, 0,8% од вкупниот буџет на Република Македонија, доколку цел буџет се даде за судството, за судската служба нема да имаме никаков проблем и за плати и за реновирање и за се. Од цел буџет што ни следува по закон, ние добиваме само 0,3%“ – Истакна Ивица Бошевски од независниот синдикат на граѓанскиот суд.
Покрај судската администрација и вработените од обвинителствата се незадоволни. И дадоа рок од 10 дена на Владата да одговори на нивното барање за покачување на платите. Рокот истекува викендов, па ако не добијат одговор најавуаат дека наредната недела и тие повторно ќе излезат на протести.
Никола Цветкоски
