Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

СДСМ и Ковачевски станаа трета политичка сила: Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ со убедливо највисок рејтинг, втори ДУИ и Ахмети

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со убедливо највисок рејтинг во Македонија, СДСМ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со убедливо највисок рејтинг во Македонија, СДСМ и Ковачевски паднаа на третата позиција на македонската политичка сцена, втори најпопуларни сега се Али Ахмети и ДУИ, покажува најновата анкета на Маркет Вижн спроведена за порталот МКД.мк.

Со 12,3 проценти доверба кај граѓаните Мицкоски има речиси три пати повисок рејтинг од Ахмети, кој има 3,7 и Ковачевски кој има 3,5 проценти, четврт е Димитар Апасиев со 3,1 проценти, додека сите други се под 1 процент.

Кога е партискиот рејтинг во прашање најголема доверба со 25,1 проценти има ВМРО-ДПМНЕ, втори се ДУИ со 9,7 , додека СДСМ има 9,5, Левица пак има 7,1. Следуваат Алијанса со 3,1 и Беса со 2,5 проценти. Еден или над еден процент имаат уште Движето на Максим Димитриевски и Демократското движење на Албанците.

Реклама

14 проценти од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведен најдобра економска политика, додека за СДСМ тоа го мислат само 5,4, а за ДУИ само 4,4 проценти.

Премиерот Ковачевски е политичар со најголем пад на довербата од сите политичари. Ако неговиот рејтинг во февруари бил 8,2 проценти, а во јуни 6,1, во септември има доверба од само 3,5 проценти. Од македонскиот политички блок сите политичари се со пад во рејтингот во овој период, освен лидерот на опозицијата. Мицкоски во февруари имал доверба од 11 проценти, војуни 12, додека во септември 12,3 проценти.

Анкетирањето е спроведено телефонски од 18 до 25 септември година, на примерок од 1200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..

Матеја Петровски