Реклама

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Демократија на зборови, на дело сосем обратно: И Славјанка Петровска се најде на листата на Венко Филипче за „отстрел“

Нов автопат Скопје-Блаце, изградбата ќе започне во август

Експерти: Со предвемената отплата на еврообврзницата се стабилизра јавниот долг

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

Над 1.200 проекти низ општините – Кавадарци добива современ спортски комплекс

Македонија

Сали: Државата треба да оди напред, а не да ги исполнува желбите на опозицијата, која ќе ги изгуби и следните избори

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, при денешниот престој во Дебар, одговарајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, при денешниот престој во Дебар, одговарајќи на прашање околу можноста за предвремени парламнетарни избори, рече дека ставот и размислувањето на Вреди е познат, дека тоа е процес во кој што државата влегува во друга фаза на функционирање и оти за време на предвремни избори ќе има и техничка влада, што за партијата е стагнирање на функционирање на институциите на државата.

Меѓутоа, додаде, „нашата спремност за учество на тие избори сме го кажале во неколку наврати, дека сме спремни и расположени доколку има предвремени избори, меѓутоа технички, органзациски сметаме дека тоа се избори кои треба да се одржат во април 2028 година“. 

– Сметам дека државата треба да оди напред, да се развива а не да ги исполнува желбите на опозицијата која што за жал ќе ги изгуби и следните избори и сметам дека ние како влада треба да бидеме одговорни пред граѓаните и да ги исполниме сите проекти кои сме ги ветиле. Во име на развојот гледаме конкретни прокети кои се реализираат, тука а и денеска потпишаниот договор за патот Скопје – Блаце, и многуте прокети кои сме во фаза на потпишување или со започнати градежни работи, одговори Сали.

Реклама

Тој денеска престојуваше во Дебар, оствари средба со градоначалникот Фисник Меља, а потоа заедно одблиску се запознаа со градежните работи во изградбата на булеварот во населбата „Венец 2“.