Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Регионален квалификациски курс за К9: Помалку нелегално оружје значи поголема безбедност за луѓето

– Со показна вежба и демонстрирање на наученото на обуката, четириесетина припадници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со показна вежба и демонстрирање на наученото на обуката, четириесетина припадници на специјални полициски сили од Југоисточна Европа и Украина го заокружија квалификацискиот курс за водачи на службени кучиња, во заедничка организација на Мисијата на ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи на Македонија.

На месноста „Полјана“ близу селото Лазарополе, присуствуваа и министрите за  внатрешни работи, Панче Тошковски и за одбрана, Владо Мисајловски и ја истакнаа важноста од соработката и спроведувањето на вакви обуки.

Искажувајќи благодарност за учеството, Тошковски пред учесниците на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици посочи дека ваквите активности се во период кога, како што рече безбедносните закани сè повеќе ги надминуваат националните граници и дека секоја држава не може сама да се справи со предизвиците на организираниот криминал, нелегалната трговија со оружје и криумчарењето на дрога.

Реклама

– Затоа, безбедноста мора да остане наша заедничка одговорност, а соработката – наш најсилен инструмент, при што овој курс претставува јасен пример за обединување на знаењето, искуството и професионалните капацитети на институции и експерти од различни земји, рече Тошковски.

Тој истакна дека проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“ е повеќе од техничка поддршка и како што потенцира, тој е инвестиција во долгорочна безбедност, институционална зрелост и професионални стандарди.

Целта на курсот беше да се зајакне откривањето на мало и лесно оружје и муниција во тешки услови – високо во планините и длабоко во шумите. Овој курс се надоврзува на претходните програми и се фокусираше на заедничко распоредување, тактичка координација и компатибилност меѓу водачите на кучиња и специјалните единици.

-Овој курс придонесува за практичната безбедност на регионот и Европа. Подобро обучените полициски сили значат помалку нелегално оружје на улиците и придонесуваат за безбедноста на сите луѓе, рече во обраќањето амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој посочи дека преку проектот за мало и лесно оружје, ОБСЕ ја поддржува Северна Македонија во напорите да ја развие полициската единица за службени кучиња во регионален центар на експертиза и придонесува за формирање посилен регионален пристап против организираниот криминал.

Во обраќањата беше кажано дека курсот е пример за тоа како се гради безбедноста во современи услови на сложени геополитички предизвици.

За првиот човек на министерство за одбрана Владо Мисајловски е важно бидејќи како што напомена го цениме меѓуинституционалниот, но и меѓународниот карактер на оваа иницијатива. Министерството за одбрана и Армијата учествуваа со пет припадници на АРМ, меѓу кои инструктори, водачи на службени кучиња од Воената полиција и специјалисти од Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња, заедно со две специјално обучени службени кучиња за откривање оружје, муниција и минско-експлозивни средства.

-Она што денес го видовме во показната вежба е резултат на денови интензивна работа, учење и тестирање на способности во реалистични услови. Но, уште поважно, тоа е доказ дека вложувањето во луѓето, во нивната обука и во нивната меѓусебна поврзаност носи конкретни резултати. Уверен сум дека знаењата и искуствата стекнати овде ќе придонесат за уште поголема оперативна подготвеност на К9 тимовите, за подобра координација меѓу институциите и за поефикасно справување со безбедносните предизвици со кои се соочуваме како држава и како регион, рече министерот Мисајловски во обраќањето.

За совладаната обука, стотината учесници добија сертификати.