Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

Со едногласна заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител, на македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со едногласна заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител, на македонскиот државјанин, кој ја уби 45-годишната жена на Крит и го призна убиството, денеска му беше одредена мерка притвор.

Убиството беше извршено на денот кога исчезна жената, на 30 мај годинава, но беше расветлено минатата недела, кога 43-годишниот македонски државјанин, потстанар во нејзината куќа, беше главниот осомничен со оглед на тоа што бил и последниот кој ја видел, а во неделата, во предистражната постапка, го призна убиството.

Се товари за кривичното дело убиство со умисла и денеска беше изведен пред истражен судија и јавен обвините во градот Ханија на Крит, а според медиумите од островот, во неговиот исказ му се извинил на семејството на убиената и рекол дека сè се случило по расправија со жртвата и без претходно да го има испланирано делото.

Реклама

Македонскиот државјанин ќе остане во притвор до судењето.

Станува збор за 43-годишниот М.Л. со македонски пасош, кој повеќе години живее и работи на Крит, а во изминатите четири години изнајмувал стан во сопственост на убиената жена.

Исчезнувањето на 45-годишната жена на Крит Ставрула Левендаки било пријавено со речиси десет дена задоцнување, со што задоцни и почетокот на истрагата, а директорот на полицијата во Ханија Канелос Николау и генералниот полициски директор на Крит Георгиос Ду̀кис во понеделникот, соопштувајќи детали за истрагата рекоа дека станува збор за исклучително сложен случај.

– Соочен со непобитните докази што беа собрани, обвинетиот го призна делото и на полицајците им го укажа точното место каде што го пренел и скрил телото на жртвата, на приватна земјоделска парцела во областа Ватилакос кај Ханија. Веднаш беше организирана операција за истрага на посочената локација, во присуство на форензичар и специјализирани екипи. За време на ископувањето, беше пронајдено телото на жртвата, закопано во земја, завиткано во повеќе кеси и врзано со пластични стеги, целосно потврдувајќи го доказите собрани во текот на предистражната постапка, објасни директорот на полицијата во Ханија.

За исчезнувањето на 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во нејзината куќа, македонскиот државјанин бил и последниот кој ја видел откако го посетила за да ги земе парите за киријата и да го провери станот на 30 мај по што ѝ се губи секаква трага.

Станува збор за случај што изминатата седмица беше една од главните теми во Грција, со оглед на тоа што сторителот, иако беше еден од главните осомничени, не само што при исказите пред полицијата негирал каква било поврзаност, туку и даваше изјави за медиумите пренесувајќи ги неговите ставови и префрлајќи ја вината врз други.