Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Превентивни активности на СВР – Скопје за спречување на пожари

Секторот за внатрешни работи – Скопје спроведе превентивни активности со цел спречување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за внатрешни работи – Скопје спроведе превентивни активности со цел спречување на пожари. Полициски службеници од Одделението за превенција, денеска реализираа превентивни активности во туристичкиот центар Кањон Матка и село Горна Матка, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. Доколку пак забележат пожар, тоа веднаш да го пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“ – информираа од МВР.