Реклама

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Македонија

Почна судењето за четирите убиства во Старо Нагоричане, Обвинителството ќе докажува дека мотивот била некрофилија

Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени, откако обвинетиот се изјасни за невин, а неговиот бранител го откажа полномошното. Во воведниот збор, Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата.

Обвинетиот беше спроведен од Затвор Куманово, а во судницата присуствуваа членовите на семејствата на оштетените, јавниот обвинител и бранителот на обвинетиот.

На почетокот на рочиштето, судијата Мирсад Суроји се обиде да ги утврди личните податоци на обвинетиот, но тоа не беше можно бидејќи Бојковски не комуницираше со судот. За време на обраќањата гледаше во плафонот и се смешкаше, без да одговара на поставените прашања, по што судот одреди кратка пауза.

Реклама

Во воведниот збор, обвинителството наведе дека во текот на постапката ќе изведе докази со кои ќе ги докаже сите елементи на кривичните дела што му се ставаат на товар на обвинетиот.

– Ќе бидат изведени докази од кои ќе се утврдат сите битни факти и елементи на кривичните дела. Од записниците од ексхумациите во корелација со обдукциските наоди ќе се утврди начинот на извршување на делата, а од судско-психијатриското вештачење и останатите докази ќе се утврдат мотивите кои биле движечка сила обвинетиот да ги стори делата – рече јавниот обвинител.

Тој најави дека во текот на доказната постапка ќе бидат сослушани и преживеаните жртви од нападите.

– Доказната целина ќе утврди дека обвинетиот со намера да ги задоволи своите страсти спрема мртви тела искористувајќи ги околностите кои од претходно биле познати дека жртвите биле сами, немоќни, стари и заспани влегувал во куќите физички ги напаѓал, ги удирал, ги давел, и откако ќе ги усмртил со својот полов орган извршувал пенетрацијата на покојните жртви – наведе тој.

Јавниот обвинител посочи дека, иако во дејствијата на обвинетиот се содржани повеќе квалификаторни елементи, обвинителството смета дека некрофилијата претставува доминантен мотив за извршување на делата.

Во продолжение на рочиштето, бранителот на обвинетиот го откажа полномошното, по што судот оцени дека на обвинетиот треба да му биде назначен бранител по службена должност. Одбраната побара и сослушување на двајца сведоци. Поради новонастанатите околности, судот донесе решение главната расправа да биде одложена.

Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, Бојковски се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно член 123 од Кривичниот законик. Со оглед дека, според обвинението, со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, при што мета на нападите биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.

Според обвинението, првото убиство било извршено ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце. Второто се случило во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година во селото Драгоманце.

Во обвинението се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот е од 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал.

На товар му се ставаат и убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.

Предметот го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од ОЈО Куманово. Судењето продолжува на 31 август.