Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Потпишан договор за реконструкција на општинската зграда и Домот на култура во Валандово

Општина Валандово на крајот од месецов започнува со реконструкција на два јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Валандово на крајот од месецов започнува со реконструкција на два јавни објекти – општинската зграда и Домот на културата „25 Мај“. Градежните активности, како што информираат општинските власти, ќе започнат од понеделник, по потпишувањето на договорот со компанијата „ИБО ПОД“.

Проектот предвидува спроведување на мерки за енергетска ефикасност, чија цел е да се намали потрошувачката на енергија, пониски трошоци за одржување и создавање подобри услови за работа и користење на објектите.

– Во општинската зграда ќе биде извршена целосна модернизација на системот за греење, преку инсталација на современа топлинска пумпа со фенкојлер  систем за греење и ладење, што ќе овозможи значително поголема енергетска ефикасност и комфор во текот на целата година. Во Домот на културата „25 Мај“ ќе биде поставен нов котел за греење, со што ќе се подобрат енергетската ефикасност, условите за одржување на културните настани и комфорот во објектот, информираат од Општина Валандово.

Реклама

Проектот се реализира со финансиска поддршка преку заем-грант од програмата на Министерството за финансии и Светска банка, а согласно договорот, реконструкцијата треба да биде завршена најдоцна до 31 декември оваа година.

Од Општината соопштуваат дека, и покрај градежните активности, работата на општинската администрација ќе продолжи непречено и сите услуги за граѓаните ќе се извршуваат редовно и без прекин.