Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Потпишан договорот за грант за изградба на автопатот Скопје – Блаце

​Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој – ЕБОР денеска потпишаа договор за грант за изградба на автопат Скопје – Блаце. Парите за грантот се од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан, во висина од 30,8 милиони евра, а кредитот е 167,6 милиони евра. Договорот го потпишаа директорите на двете институции, Коце Трајановски и Фатих Туркменоглу.

Изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката кај Стенковец на обиколницата до Блаце, границата со Косово, според директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, е во должина од 10,5 километри. Претходно биле направени 1,5 километар, така што вкупната должина од клучката Стенковец кај Скопје до границата е 12 километри.

– ​Овие 10,5 километри од автопатот, што се предмет на денешниот заем, ќе имаат во двата правци по две ленти со ширина од 3,5 метри и лента за запирање од 2,5 метри. Вкупната ширина на патот ќе биде 27 метри. Теренот е ридско-планински и е дел од масивот на Скопска Црна Гора. ​Ова е исклучително тежок терен за изведба. Затоа во проектот се предвидуваат пет тунели со по две цевки или вкупна должина на тие тунели е околу пет километри, девет моста со должина од 2,5 километри, 11 потпатници, четири галерии за стабилизација на косини во должина од еден километар и девет потпорни ѕидови, што се исто така за стабилизација на косините – истакна Трајановски.

Реклама

Директор на ЕБОР, Фатих Туркменоглу, изрази задоволство за можноста денеска да биде потпишан договорот за грант во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан за изградба на автопатот Скопје – Блаце. 

– Ова е одличен проект за земјата затоа што ја подобрува регионалната поврзаност, особено со Косово, а го поддржува економскиот раст. Тоа е навистина мошне важно, особено за создавањето работни места – истака Туркменоглу нагласувајќи дека ЕБОР останува посветена да ја поддржува земјата, особено во однос на развојот.

На потпишувањето на договрот присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи-Шаќири, и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.

За премиерот Мицкоски, како што рече, големо е задоволството што набргу на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници. 

– Покрај оваа делница што треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука е и делницата што треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, Гостивар со Букојчани. Го завршуваме делот од автопатот Кичево – Охрид, потоа Прилеп – Битола и набргу очекувам да биде завршена и постапката за делницата што треба да го поврзе Букојчани со Кичево. ​Заедно со оваа, очекувам овие шест автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија, нешто што за мене претставува исклучително важно и е еден од врвните приоритети на оваа Влада, економскиот развој да продолжи онака како што го поставивме пред четири години кога бевме избрани како Влада – рече Мицкоски.

​Градежништвото, нагласи тој, како еден од главните двигатели на економскиот развој, очекува да продолжи со несмалена динамика и во наредниот период. 

​Почетокот на градбата на автопатот Скопје – Блаце најавија дека ќе почне во август годинава, а рокот за изградба, според кажаното, е околу четири години.