Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук информираше дека денеска во Влада имало значајна средба со амбасадори од УНЕСКО за заштита на нашето природно и културно наследство.
– Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство. Потребна е силна меѓугранична соработка со Албанија во делот на заштита на Охридското Езеро и заштита на Охридскиот регион, природата не познава граници и потребно е заедно да ја чуваме. Посебен акцент ставивме на развојот на охридскиот регион на кој припаѓаат општините Охрид, Струга, Дебрца и Поградец во Албанија, со заедничка определба да се зачува неговата автентичност, а истовремено да се обезбеди одржлив развој во интерес на граѓаните и идните генерации – пишува во објавата на Фејсбук.

Тој додава дека имало согласност оти Охридскиот регион има исклучителна универзална вредност и претставува богатство, не само за нашата држава, туку и за целото човештво.
