Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Балкан

Осум земји од ЕУ го блокираат отворањето нов кластер во преговорите со Србија

Патот на Србија кон Европската Унија се соочува со нов застој. На…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патот на Србија кон Европската Унија се соочува со нов застој. На состанокот на амбасадорите на земјите членки во Брисел не беше постигната согласност за отворање на Кластерот 3 од пристапните преговори, откако осум држави се спротивставија на продолжување на процесот.

Според дипломатски извори, Холандија, Шведска, Финска, Белгија, Естонија, Литванија, Бугарија и Хрватска сметаат дека Србија сè уште нема доволен напредок, особено во владеењето на правото и усогласувањето со надворешната политика на Унијата, вклучително и санкциите кон Русија.

Иако Европската комисија оцени дека Белград исполнил дел од преземените обврски и препорача отворање на новиот кластер, за таква одлука е потребна едногласна поддршка од сите 27 земји членки. Дел од државите, меѓу кои и Франција, предупредуваат дека натамошното одложување би можело дополнително да ја оддалечи Србија од европскиот пат.