Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Одбележани 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнината од прогонството на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и соорганизација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ – Скопје денеска пред Споменикот на децата бегалци во Паркот „Жена – борец“ беа одбележани  80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 и 78-годишнината од прогонството на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година. 

– На овој геноцид се потсетуваме секоја година, пред спомеников изграден на 30 јуни 1988 година, во чест на одржувањето на Првата светска средба на децата бегалци од 30 јуни до 4 јули 1988 година во Скопје, рече претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, Александар Јаневски.

За жал, нагласи, од 2019 година до денес перманентно демолиран, без обвинети и без санација.

Реклама

Јаневски рече дека очекуваат, конечно целосно да се реставрира споменикот.

– И покрај сè и после сè, на македонската Влада ѝ предлагаме да иницира историско помирување на македонскиот народ со соседните народи и склучување на договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави. Но, врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што значи взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, не мешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи – порача, меѓудругото, Јаневски.

Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, рече дека и покрај сè и после сè, длабоко во срцето ја носиме верата во Бога и љубовта за Македонија.

– Но, пред да бараме светот – Генералното собрание и Советот за безбедност на Обединетите Нации, Парламентарното собрание на Советот на Европа, Парламентарното собрание на ОЕБС, Европскиот парламент на ЕУ и Самиот на шефови на држави и влади на НАТО со резолуција да го осудат геноцидот врз македонскиот народ од Балканските војни до денес, на 13 мај 2026 година, Светскиот македонски конгрес поднесе предлог – резолуција за осуда на геноцидот врз македонскиот народ до претседателката на Републиката, Собранието и Владата на Македонија тоа да го стори, за ден на геноцидот врз македонскиот народ во цел свет да се одбележува 10 август, кога во 1913 година е поделена Македонија и македонскиот народ, врз нив е извршена окупација и геноцид кој трае до денес – подвлече, меѓудругото, Петров.

Во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ – Скопје, за денеска е најавена и Академија посветена на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 и 78-годишнината од прогонството на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година, во Дом на културата „11 Октомври“ во скопската населба Ченто.