Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Николоски: Бугарија ќе беше далеку послаба ако во Македонија немаше криминал и корупција

Владата на СДСМ и ДУИ е криминална, најмалку 5 земји членки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на СДСМ и ДУИ е криминална, најмалку 5 земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори со ЕУ, заради високото ниво на корупција.Позициите и претходно на Грција и сега на Бугарија ќе беа далеку послаби доколку во Македонија имаше функционален систем на владеење на правото и доколку имаше реална битка со организираниот криминал и корупција-истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата во Струга.


” Доколку Македонија беше според перцепција за корупција во првите 30 во светот, а не во првите 100 како што е во моментот, верувајте многу поразлично ќе изгледаше проблемот со нашиот сосед Бугарија. Затоа што во моментот најмалку 5 земји членки на ЕУ, не мислам на Германија, но мислам на останатите мислат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори за членство со ЕУ, пред се заради високо ниво на криминал и корупција, и затоа никој не врши притисок врз Бугарија. “-рече Николоски


Нема притисок, затоа што мислат дека државата не е спремна, рече тој.Кога би било обратно проблемот ќе се реши за едно претпладне или попладне,затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со најслабата земја членка на ЕУ.Многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија, отколку што Бугарија и треба на ЕУ.
Николоски потенцираше дека ако претходно се зборувало само за висока корупција сега во владеење на СДСМ и ДУИ, корупцијата ја има од најниско до највисоко ниво од шалтерски работник па се до премиер, укажувајќи дека ако побарано се иселувале од Македонија заради економски причини, сега тоа се прави затоа што нема ред и поредок во државата.Од тука,целна на ВМРО ДПМНЕ е да се ослободат институциите.

Реклама


“Доколку ние ова успееме да го средиме и народот го види као резултат,ќе не ценат и партнерите од надвор, доколку не успееме да го средиме тогаш ќе бидеме во ситуација да се прекрстуваме,а потрнцијални нема да се случи тоа затоа што нема да дозволиме, но власта профати да менуваме историја, да менуваме јазик, култирал, традиција само да за отидеме чекор напред за да се покријат криминалите кои што во моментов постојат.Така што после промената на власта мора да има лична,персонализирана одговорност”-рече Николоски


Николоски нагласи дека корупциските скандали на владата на СДСМ и ДУИ, почнале уште со формирањето на истата. Тој наброи некои од криминалните скандали поврзани со влада на СДСМ и ДУИ, и порача дека со промена на владата и ослободување на институциите, ќе се истражат сите криминали и одговорност за истите ќе има.

Росица Голабоска