Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Свет

Непосредно пред самитот на НАТО во Турција: Нов руски напад врз Киев, најмалку 11 загинати

Најмалку 11 лица го загубија животот, а 46 се повредени во нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 11 лица го загубија животот, а 46 се повредени во нов руски напад врз Киев, втор во изминатите неколку дена. Меѓу повредените има и пет деца, додека спасувачките екипи сè уште трагаат по преживеани под урнатините на оштетените станбени објекти.

Шефот на киевската воена администрација, Тимур Ткаченко, соопшти дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми, бидејќи спасувачките операции продолжуваат на повеќе локации низ градот.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека руски балистички проектили погодиле неколку станбени згради, при што избувнале големи пожари и биле предизвикани значителни материјални штети.

Реклама

Нападот се случи непосредно пред самитот на НАТО во Турција, каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Само неколку часа пред нападот, Зеленски предупреди дека постојат информации за можен голем руски удар врз украинската престолнина, четири дена по претходниот напад во кој загинаа 31 лице.

Од Москва повторно соопштија дека нивните напади се насочени кон воени и енергетски цели, наведувајќи дека станува збор за одговор на неодамнешните украински напади врз руска територија, при кои беа погодени и неколку рафинерии.

Во пресрет на самитот на НАТО, Зеленски уште еднаш ги повика западните сојузници да ја забрзаат испораката на ракети со долг дострел, а од Соединетите Американски Држави побара и лиценца за производство на ракетните системи „Патриот“ во Украина.