Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Младите си одат, работна сила се увезува, што прави државата?

„Дали Македонија создава високо-образована работна сила за државите од Европската Унија?“ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Дали Македонија создава високо-образована работна сила за државите од Европската Унија?“ – Ова беше главната дилема на денешната младинска дискусија. За младинските предизвици не се зборува доволно затоа нашите генерации си одат од Македонија, смета  студентската правобранителка при УКИМ.

Главната солуција според мене лежи во неактуелизирањето на младинскиоте политики кои што за голема жал во нашата земја се помалку застапени и не се доволно ниту дефинирани, ниту се главниот катализатор на младите луѓе и на останувањето тука. Јас се водам од личното убедување дека среќни можеме да бидеме секаде се додека имаме чувство на придонес, вели – Викторија Апостоловска – Студентска правобранителка при УКИМ

Бленди Ходаи од форумот за образивни промени, вели дека подготвиле предог решенија за младинските проблеми и предизвици, кои ќе му ги достават на министерот за образование, Јетон Шаќири.

Реклама

Тоа што ние ќе го предложиме се радикални промени, образованието да стане приоритет на државата за наредните 20 години и било која партија да биде на власт да не ги менува политиките што ќе бидат согласни од сите засегнати страни од процесот, вели Бленди Ходаи – Форум за обрзовни промени.

Младите иако подготвени да му ги презентираат предизвиците и предлог решенија на министерот, безмалку 40 минути не беа сигурни дали тој воопшто ќе се појави. Кога конечно пристигна не даде јасни одговори на повеќе прашања. Меѓу најгорливите –  недостатокот на учебници. Шаќири пак нема јасен одговор, како во државниот буџет има пари за се и сешто, но не и за учебници.

Вие знаете дека и лани буџетските средства и за основно образование се обезбедија после ребаланс на буџетот , ние моментално имаме обезбедени буџетски средства за основното образование, за дел од средното образование, вели министерот за образование Јетон Шаќири.

Според податоците на државниот завод за статистика, Македонија се соочува со сериозен демографски прболем, бидејќи ако во 2002 24% од населението биле млади, сега бројот се има драстично намалено и изнесува 18%.

Никола Цветкоски