Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Општина Кавадарци, каде ќе присуствува на поставување камен-темелник на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“.
Во рамки на посетата, предвидено е тој да изврши и увид во текот на реализацијата на проектот за изградба на нова картинг-патека во месноста Моклиште, со што ќе се запознае со динамиката на градежните активности на терен.
Како што соопшти Владата, настанот на поставување камен-темелник треба да започне во 12 часот, а предвидени се и изјави за медиумите.

