Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Мицкоски по повод споменот за Ѓорче Петров: Не се поклонуваме само пред човек кој го вгради својот живот во историската ВМРО, туку и пред идејата за слободна Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на настан по повод споменот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на настан по повод споменот на Ѓорче Петров, порача дека делото на Ѓорче Петров и идеалите за слободна и достоинствена Македонија остануваат трајна инспирација, а денешниот патриотизам треба да се докажува преку развој, силни институции и подобар живот за граѓаните.

-Денес, кога оддаваме почит на неговиот лик и дело, не се поклонуваме само пред човек кој го вгради својот живот во темелите на историската ВМРО, туку и пред една идеја која останува жива повеќе од еден век. Идејата дека Македонија има право на своја иднина, дека македонскиот народ има право на достоинство, дека слободата има цена, а таа цена секогаш ја плаќаат најхрабрите, најчесните и најпосветените луѓе на своето време- вели Мицкоски.

Тој истакна дека Ѓорче Петров преку своето капитално дело ,,Материјали по изучувањето на Македонија“, покажал дека љубовта кон татковината се изразува и преку знаење, истражување и зачувување на историјата и идентитетот, и додаде дека историјата има вредност само ако се применат нејзините поуки за иднината.

Реклама

-Во исто време, Ѓорче Петров бил човек на книгата, на науката и на знаењето. Неговото капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, претставува сведоштво дека љубовта кон татковината не се покажува само со револуционерна борба, туку и преку истражување, преку разбирање на сопствениот народ, преку грижа за неговата историја, култура, географија и идентитет. Тој верувал дека народ кој не се познава себеси тешко може да ја обликува својата иднина, а народ кој ја познава својата историја никогаш не дозволува некој друг да му ја пишува- нагласи Мицкоски.

Посочи дека историјата има вредност само тогаш кога знаеме да ги препознаеме поуките што ни ги остава. – Ако денес зборуваме само за минатото, а не научиме ништо за иднината, тогаш не сме ја исполниле нашата должност кон оние што ја создавале оваа држава- додаде тој.

Мицкоски порача дека денешната генерација има обврска да изгради силна и просперитетна Македонија, со развој, силни институции, еднаква правда и можности засновани на труд.

-Нашата генерација нема задача да создава револуционерни организации и да води ослободителни борби како неговата генерација. Нашата задача е да изградиме држава која ќе биде достојна за нивната жртва. Да изградиме Македонија во која младите ќе сакаат да останат. Македонија во која ќе се отвораат нови фабрики, ќе се градат нови патишта, железници, училишта и болници. Македонија во која институциите ќе бидат силни, правдата ќе биде еднаква за сите, а успехот ќе зависи од трудот, а не од привилегираните- нагласи Мицкоски.

Патриотизмот, како што истакна Мицкоски, денес не се мери со големи зборови, туку со резултати, нови инвестиции, секое ново работно место, со реформи кои ја прават државата поорганизирана, посилна и поуспешна, и како што вели тој, со способноста да се создадат институции во кои граѓани ќе имаат доверба и држава што ќе биде стабилна, економски силна и почитувана.

-Токму затоа нашата борба денес е борба за развој. Борба за силна економија, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерно образование, за здравство што ќе биде достапно и квалитетно, за владеење на правото, против корупцијата борба. Борба за Македонија која ќе биде држава на можности, а не држава на изгубени шанси. Тоа е современиот патриотизам- заклучи Мицкоски.