Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по поставувањето камен темелник на изградба на нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по поставувањето камен темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци посака успешна работа и напомена дека за околу една година овој проект ќе биде завршен.  

-Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од Општина Кавадарци кои се борат за проект повеќе да обезбедиме токму овде за жителите во Општина Кавадарци, за нивната посветена тимска работа бидејќи само така можеме да реализираме проект повеќе и да направиме нешто за граѓаните, нешто што претставува наша главна цел и задача практично како политичари – изјави Мицкоски.

Тој му се заблагодари и на министерот за спорт, Борко Ристовски и на колегите од Владата коишто посветено работеле, почнувајќи пред нешто повеќе од две години кога биле избрани како Влада во насока на реалокација на средства од централниот буџет кон општините и сето тоа, како што рече да биде вака успешен како што е денес.

Реклама

-Зборуваме за повеќе од 1.200 проекти, преку 1.200 градилишта на целата територија на државата нешто што е незапаметено во независна Македонија, така што успешноста се мери со економските параметри и ние планираме да продолжиме и во годините коишто следат на овој начин да функционираме како Влада, бидејќи цениме дека успешните проекти треба да бидат продолжени, а ние препознавме дека овие проекти донесоа додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните – рече Мицкоски.