Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

„Културното лето“ во Кисела Вода: Одличен настап на Влатко Миладиновски, роденден на сцена за Лозано, еуфорија со Таско, а вечерва забавата продолжува со 2Бона и Војаж

Кисела Вода викендов е центар на одлична забава и квалитетна музика. Втората…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кисела Вода викендов е центар на одлична забава и квалитетна музика. Втората вечер од „Културното лето“ го претвори плоштадот „Расадник“ во место со неверојатна енергија, каде илјадници посетители од сите генерации уживаа во настапите на познатите музички имиња, пишува во денешното соопштение на локалната самоуправа.

Вечерта започна со одличниот сет на ДЈ Марио Трампет, кој направи совршена увертира за она што следуваше. Паркот ечеше од најубавите македонски народни рефрени во изведба на Влатко Миладиновски, по што сцената ја презеде македонската поп-ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано. За него ова беше двојно празнична вечер бидејќи токму синоќа го прослави својот 41 роденден, па пред бројната публика симболично дувна свеќичка на роденденската торта директно на сцената.

Вистинска еуфорија настана кога пред публиката излезе раперот Таско. Со својот препознатлив урбан звук и големите хитови, тој создаде одлична атмосфера во која публиката постојано пееше и играше. Настапот донесе и еден посебен, емотивен момент. Имено, зад сцената беше присутна и неговата 75-годишна баба Павлинка, која за првпат дојде на негов концерт за да го поддржи својот внук.

Реклама

Покрај големиот музички настан, вчерашниот ден попладнето имаше и своја хуманитарна страна. Во паркот „Шопен“ се одржа традиционалната Коријада во организација на Здружението на пензионери од Кисела Вода, збогатена со изложба на ракотворби од дечињата со посебни образовни потреби. Сите собрани средства од овој настан се наменети за помош на семејствата настрадани од елементарни непогоди.

Програмата на Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува во ист, силен ритам и денес, каде акцентот повторно е ставен на модерните звуци, популарните жанрови и атрактивните музички ѕвезди. Денот започнасо „Семеен ден“ во паркот Македонија, каде најмалите уживаа во дружба со аниматори, танцови точки со „Данса Латина Стефи“ и омилените детски песнички од фестивалот „Киселко“.

Нова голема забава следува вечерва на добро познатата локација на плоштадот Расадник, со почеток од 20:00 часот. Загревањето е резервирано за одличните локални млади локални бендови и ДЈ Доријан, кои ќе направат вовед во музичкиот спектакл. Вечерва Кисела Вода ќе биде домаќин на две исклучително популарни имиња – македонското хип-хоп дуо 2Bona, а веднаш по нив на сцената стапува и балканската ѕвезда Voyage! Сите граѓани се поканети и вечерва да бидат дел од одличната атмосфера во Кисела Вода.