Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Комисијата за финансирање и буџет продолжи со расправа по ребалансот на Буџетот за 2026

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи расправата по ребалансот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи расправата по ребалансот на Буџетот. За власта, ребалансот е развоен, реален и овозможува економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, а опозицијата со критики дека ребалансот потврдува дека проекциите во Буџетот за 2026 година биле преоптимистички. 

Според Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот се темели на реален раст, а бројките покажуваат дека земјава може да има економски раст како други држави. 

– Бројките не се такви какви што ги прикажува Венко Филипче и СДСМ. Без разлика колку и паника да шират, времето покажува дека не е така како што тврдат. Колку и да се трудите да правите пародија, растот од 3,5 проценти покажува дека Македонија може да има економски раст како и други држави, рече Пренџов обраќајќи и се на опозицијата. 

Реклама

Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека предложениот ребаланс е показател за одговорно, домаќинско и стратешко управување со државната каса.

– Ова е економски манифест на една влада која знае како да управува со јавните финансии, рече Ристески.  

Според Митко Трајчулески од СДСМ, приходите се вештачки напумпани, а буџетскиот дефицит е проектиран спротивно од законот за буџети. Трајчулески посочи дека ребалансот е проектиран на оптимистички проекции, а каматите од новото задолжување ќе изнесуваат околу 500 милиони евра. 

– Овој ребаланс целосно ги потврдува тезите што ги изнесов за Буџетот за 2026 година – погрешно планирање на приходната страна, а епилогот се нови задолжувања кои ќео одат на грвот на граѓаните и на компаниите, рече Трајчулески.

Неговата колешка Јованка Тренчевска забележа дека има кратење на средствата за демографски проекти, за младите, борбата пртив семејното насилство, социјалните мерки…

Расправата за ребалансот продолжува по едночасовната пауза. 

По завршување на општата расправа, во Комисијата за финансирање и буџет треба да се одржи амандманската расправа за која с еподнесени 224 амандмани.