Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Здружението на слепи Кавадарци доби донација електронска лупа 

Здружението на слепи лица од Кавадарци и Росоман доби донација,  електронска лупа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на слепи лица од Кавадарци и Росоман доби донација,  електронска лупа, донирана од Ротари клубот од овој град.  

Секретарот и претседателот на здружението, Богоја Јошев и Костадин Јанков,  изразија задоволство од донацијата и истакнаа дека го поздравуваат секое донирање, што ќе  го олесни животот на овие лица. 

Во изјава за медиумите, претседателот на Ротари, Тодор Ефремов, рече дека овој ден има големо хуманитарно значење, затоа што во здружението на слепи лица ја предадоа електронската лупа што ќе биде во корист на лицата со оштетен вид. 

Реклама

– Се надеваме со ова покажуваме дека ние како Ротари клуб Кавадарци се вложуваме во заедницата и на тој начин вложуваме и во најранливите категории и дека нема да ги делиме граѓаните по ниту една основа – истакна  Ефремов. 

На Ротари клубот Кавадарци, во иднина му посака да има што е можно повеќе успешни проекти од ваков тип.

– Особена благодарност искажувам до Ротари клуб Кочани-Виница, со коишто го реализиравме заедничкиот проектот за електронска лупа, што ќе биде во корист на лицата со оштетен вид – истакна Ефремов.