Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Евроамбасадорот Рокас во посета на општина Гостивар, меѓу темите можностите за аплицирање за европската програма ЛАЈФ

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас оствари работни средби со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас оствари работни средби со раководството на општина Гостивар. Негови домаќини беа претседавачот на општинскиот Совет, Ваљон Џафери, членови на Советот на општината и градоначалникот Ваљбон Лимани. На средбите се разговарало за можностите за користење на европските фондови, тековните предизвици со кои се соочува општината, како и за патот на земјата кон Европската Унија.

Градоначалникот Лимани изрази задоволство за посетата и истакна дека Гостивар е подготвен да аплицира за нови проекти, со посебен акцент на европската програма ЛАЈФ (LIFE), која е наменета за заштита на животната средина и справување со климатските промени.

-Сè започнува локално и се надевам дека токму од општините ќе тргнеме по тој правец за еден ден Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија, изјави Лимани.

Реклама

Претседателот на Советот, Ваљон Џафери, ја оцени дебатата како исклучително плодна и конструктивна, нагласувајќи дека советниците добиле детални одговори кои ќе бидат од директен придонес за развојот на општината и решавањето на секојдневните проблеми на граѓаните.

Евроамбасадорот Рокас се заблагодари на топлиот прием и напомна дека Гостивар е светол пример за мултиетничка, мултикултурна и мултирелигиозна општина која дава максимум за да одговори на потребите на своите жители. Тој изрази особено задоволство што во градот функционира и специјален центар за деца со аутизам.

На новинарско прашање поврзано со проблемот со кој се соочува регионот и неодамнешниот протест за пристапот до питка вода и управувањето со отпадните води, Рокас потенцираше дека ЕУ веќе презема конкретни чекори.

-Пристапот до питка вода е многу сериозно прашање. Мојот тим веќе беше во Боговиње, а ќе дојде и тука во Гостивар и Тетово за да ги согледа состојбите на терен. Иако тековниот седумгодишен буџетски циклус на ЕУ завршува следната година, една од сериозните опции за финансирање на овие капитални проекти се средствата од Реформската агенда на Владата, рече во одговорот евроамбасадорот Рокас, најавувајќи понатамошни координации со локалните и централните власти.

Посетата на Делегацијата на ЕУ во Гостивар продолжи со средби со граѓанскиот сектор и директни разговори со граѓани.

Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање Рокас присуствуваше и на настанот Инфо ден посветен на LIFE програмата -главниот финансиски инструмент на Европската Унија за поддршка на проекти во областа на животната средина, климатските промени, заштитата на природата и чистата енергија што го организираше Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Делегацијата на Европската Унија во земјава и Општина Гостивар.  

-Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, во своето обраќање, истакна дека нашата земја е првата во регионот што го потпишала Договорот за учество во LIFE програмата, со што се отворија нови можности за финансиска и техничка поддршка на проекти во областа на животната средина и климатските промени. На LIFE Инфо-денот беа презентирани актуелните повици и можности за аплицирање во рамки на програмата LIFE, стои во соопштението од МЖСПП.