Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и неговите другари од СДСM како папагали повторуваат лаги, сега конкретно за Пензискиот фонд

Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали. Од нивното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали. Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги. Еве јасно ќе им кажеме и во оваа прилика, буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

Ако не слушаат во јавност и не ги гледаат јавните настапи на надлежните ќе им кажеме дека немаат простор за грижа, како што велат. Треба да знаат дека буџетскиот дефицит  не треба да го анализира преку апсолутни бројки, туку преку неговото учество во бруто домашниот производ. Само така можат да добијат реална споредба низ годините.

За крај да биде јасно, малку размислете пред да излегувате  да зборувате бесмислени и нереални работи.