Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите и конструкциите на СДСM нема да го запрат развојот на државата, две години стабилен раст, развој и инвестиции

Политичките напади, манипулации и конструкции на СДСM и Венко Филипче нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичките напади, манипулации и конструкции на СДСM и Венко Филипче нема да го запрат развојот на државата. Додека СДСM и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните – наведува владејачката партија во реакцијата на соопштение на СДСМ. 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСM за 6 години.

Реклама

Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива.

Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на просветните работници, здравствените работници, припадниците на полицијата и одбраната.

Бројките го потврдуваат ова. Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две години, зголемување од 19,6%. Дури и кога ќе се земе предвид поскапувањето, реалната куповна моќ на граѓаните е значително зголемена, односно платите растат побрзо од цените.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

За разлика од СДС и Венко Филипче кои профитираа во време на ковид кризата оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно ја амортизираше кризата и Македонија денеска има најниска цена на дизелот и бензинот.

Резултатите се видливи. Разликата е очигледна. Македонија забрзува.