Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДСM – Левица на штета на државата и дијаспората го блокира Изборниот закон

Некогаш заткулисната и тајна коалиција, СДСМ и Левица веќе не се крие.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некогаш заткулисната и тајна коалиција, СДСМ и Левица веќе не се крие. За оваа коалиција нема државен и национален интерес, за неа еден и единствен е личниот интерес на Венко Заев и Димитар Апасиев, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштениe.

Коалицијата СДСM-Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за овој закон.

Венко Заев и СДСM од страв од длабок пораз се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е дијаспората да може да го искористи своето право на глас по електронски пат или по пошта.

Реклама

Но, од СДСM и Венко Заев ваквиот предлог беше одбиен, затоа што голем е стравот и паниката кај нив, за тоа дека македонските граѓани кои ја напуштија државата во периодот на нивно владеење, кое не е така одамна, нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори.

Апасиев и Левица, пак, и покрај тоа што добија прифаќање на своите предлози во делот на финансирањето на изборните кампањи, тие не го потпишуваат договорот кој беше граден со месеци, во работната група меѓу сите политички партии.

Целта им е да се претстават пред јавноста како партија со која нема преговори и која не прави компромиси. Жално е што на ваков начин, на штета на македонските граѓани, кои од мака заминале од државата, се обидуваат да добијат политички поен повеќе.

Со ваквата блокада не и се наштетува само на дијаспората, туку се доведува во прашање и исполнувањето на реформските обврски на државата и поради тоа Европската Унија повика на консензус и на навремено донесување на Изборниот законик.

Едноцифрените рејтинзи на СДСM и Левица во континуитет од неколку години, ги доведе до стадиум на избезуменост и спроведување на политики со негативни последици по двете партии, но и на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот и повикува Изборниот законик треба да биде донесен со широк политички консензус, во интерес на државата, реформите и обезбедувањето можност македонската дијаспора по електронски пат да го оствари своето право на глас.