Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Велјановски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен – уставни измени нема да има

„Јавноста беше сведок на она што се случуваше во Комисијата за уставни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Јавноста беше сведок на она што се случуваше во Комисијата за уставни прашања, и она што ние како партија говориме повеќе од една година дека нема да се случат уставни измени во ваков формат и под бугарски диктат. И покажавме на дело и со гласањето во Комисијата за уставни прашања, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сите седум гласаа ПРОТИВ уставните измени“, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Велјановски додаде дека на седницата на Комисијата за уставни прашања се виде и немоќта и очајноста на власта.

„Тука се виде и немоќта на власта да дојде до тие 80 пратеници, односно од почетокот се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остануваат против промена на Уставот“, нагласи пратеникот.

Реклама

„Она што го слушаме деновиве и официјално е закажана на собранискиот календар седницата за уставни измени. На 18–ти август ќе се стави на дневниот ред предлогот за уставни измени. Согласно Деловникот тогаш треба да се отвори расправа за уставни измени и да биде пред пратениците истиот тој предлог. Но, она што е симптоматично е во изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери при што може да се увиди дека имаат една друга стратегија, односно да ја отворат оваа седница на 18-ти август, после да започне расправата по предлогот за уставни измени и после тоа да не се оди на гласање. И тоа е всушност еден показател кој што ни укажува дека власта сака да купува на време, односно да продолжи да ја држи државата како заложник“, укажа Велјановски.

Тој посочи дека Македонија поради оваа Влада е во политичка, општествена и економска криза.

„Народот со оваа власт живее се полошо, сиромаштијата галопира, имаме највисока инфлација во регионот, криминалот и корупцијата се огромни. За криминалот и корупцијата имаме и јасни укажувања од страна на ЕУ“, посочи пратеникот.

Пратеникот рече дека власта единствено и наштетува на Македонија и на граѓаните.

„Ова е таа тактика на Владата на Димитар Ковачевски, сака да купува време затоа што рејтинзите на Социјалдемократскиот сојуз и нивните коалициони партнери се доста лоши, затоа сакаат да побегнат од избори бидејќи знаат каков пораз ги чека од граѓаните“, нагласи Велјановски.

Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ бара избори бидејќи токму тие избори се решение на сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните на Македонија. Потребни се реформи во здравството, образованието, судството итн.

„Ние од ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволиме промена на Уставот, нема да дозволиме уште една продажба на македонските национални интереси. Потребни се гаранции дека ова ќе бидат последните барања на Бугарија во однос на нашиот пат кон ЕУ“, појасни Велјановски.