Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Бугарите во Уставот не се единствена пречка на патот кон ЕУ како што уверува Владата, холандскиот амбасадор го потврди тоа

Холандскиот амбасадор ги извади дипломатските ракавици, неговата изјава каде посочува дека Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Холандскиот амбасадор ги извади дипломатските ракавици, неговата изјава каде посочува дека Македонија тоне во корупција не е изненадување, велат дел од познавачите. Ова не е прв пат дипломатски претставници да упатат силни критики кон Македонија и состојбите во правосудството. Она што е невообичаено е што за прв пат со остар тон и без дипломатскиот стил на соопштување, Дирк Јан Коп кажа што мисли за Македонија и патот на државата кон Унијата.

Поранешниот амбасадор во Лондон, Јован Донев коментирајќи вели дека ова треба да ја замисли македонската влада бидејќи Ком е гласноговорник на холандската држава и го кажува она што Холандија го мисли, а Холандија е една од државите во ЕУ кои имаат строги критериуми за владеење на правото.

Владеењето на правото е една од основите на ЕУ, ако немате владеење на правото значи немате демократија, тоа е основно правило. Ние не можеме да зборуваме за европски вредности, ако имаме, невладеење на правото. Немаме ние што да бараме во ЕУ. Компромиси ЕУ не може да прави со ниедна држава каде што постои систем на невладеење на правото, вели Јован Донев – поранешен амбасадор.

Реклама

Според Донев, Македонија не може да очекува компромиси додека не си го реши проблемот со корупцијата која последниве години се чини како да е распространета од најнизок до највисок ешалон. Тоа Македонија ќе ја чини многу.

Ако сите јадеме со нож и виљушка и дојде некој да јаде со раце на истата маса, нема да ве примат да седнете на истата маса со тие луѓе. Тоа е истата ситуација со владеење на правото, вели Јован Донев – поранешен амбасадор.

Според Донев, најголемата причина за тоа што Македонија сеуште е во челакницата на Унијата, не е тоа што не се внесени бугарите во Уставот, и да ги внесеме, вели Донев, корупцијата ќе биде главната причина зошто повотрно ќе се соочиме со нова кочница. Слична изјава имаше и универзитетскиот професор Јанкуловски кој за Алфа рече дека ветото на Бугарија кон Македонија, се чини дека им е како кец на десетка на ЕУ, оти државава тоне во корупција.

Пред само еден месец Холаднија реагираше и на измените на кривичниот законик, тоа го призна и вицепремиерот Маричиќ. Иако многиу европски земји реагираа преку ЕК, Холаднија беше држава која и билатерално изрази загриженост со измените со кои се дава можност за поголема неказнивост.

Пролетта, холандскиот амбасадор Коп повлече  проект во вредност од милион евра за зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот Совет.

Ова се само дел од критиките од Холандија кон Македонија, особено за делот на корупција и владеење на правото во државата. Пред само 5 месеци холандскиот амбасадор во земјава потсети дека единствената причина поради која Холандија се согласила со одлуката за почеток на  пристапни преговори на Македонија со ЕУ,  било токму гарантирањето дека ќе се процесуираат предметите на поранешното СЈО.

„Она што ние напротив го гледаме, е дека сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој“, рече Коп во мај.

Инаку Холадија е земја членка која нема проблем со тоа да стави вето на државите кои не ги исполнуваат стандардите на европското семејство. Токму Холандија стави вето за влез на Бугарија и Романија во шенген-зоната баш заради корупција и криминал, а од истите причини претходно стави и вето на Албанија за кандидатски статус.