Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Ахмети и Ковачевски на иста линија: Решени да трошат двојно повеќе државни милиони евра за избори

Ахмети на иста линија со Ковачевски. Власта дефинитивно нема намера заедно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ахмети на иста линија со Ковачевски. Власта дефинитивно нема намера заедно да се одржат претседателските и парламентарните избори. И тој одбива лидерска средба, велејќи дека приоритет и за него во моментов се уставните измени, за што Ахмети упте ендаш повтори дека е спремен да ја напушти и власта ако ВМРО-ДПМНЕ гласале за внесување на Бугарите во Уставот.

-Изборите не нудат решение, затоа изборите ќе се одржат во редовниот термин, на пролет следната година, изјави Ахмети.

Власта е осамена во своите ставови. Заеднички и претседателски и парламентарни избори бара и македонската и албанската опозиција, пред се поради милионите евра кои би биле потрешени непотребно за два изборни во само два или три месеци. И Билал Касами ја повика власта да свика лидерска средба со цел договор за фер и демократски избори.

Реклама

-Сметаме дека треба да се одржат заедно изборите, имајќи предвид дека станува збор за трошоци кои доколку се одржат како што е предвидено со закон за редовни избори, а во прашање е дистанца од три месеци, проценуваме дека тоа е непотребен трошок и бараме изборите да се одржат во ист термин, и претседателските и параментарните избори, изјави Касами.

Мицкоски кој веќе порача дека е подготвен и чека покана за лидерска средба кај собранискиот спикер Талат Џафери, испрати порака до власта да не бега од народот со нарачани и наместени анкети. Испрати порака и дека за неколку месеци Македонија ќе има нова политичка реалност и Влада предовдена од ВМРО-ДПМНЕ.

–Наместо кукавички да бегаат, најголемата анкета е соочувањето со народот. Можеби јас не ја говорам вистината, можеби овие објективни јавни мерења не се точни, можеби тоа што тие го креираат штабски е точно. Има еден начин да покажеме какви се вистинските бројки се покажуваат на избори. Повторно ќе ги повикам кукавиците од СДСМ да се соочат со јавноста, изјави Мицкоски.

Ковачевкси веќе порача дека не прифаќа да седне на маса со лидерот на опозицијата за да се договори заедничко одржување на претседателските и парламентарни избори. Кажа дека едните ќе се одржеле во мај, другите во јули. На маса е спремен да седне само ако се говорело за уставните измени.

Матеја Петровски