Реклама
Македонија

„Ако сте уморни, заминете“: Реконструкцијата при крај, кој не работел како треба ќе биде сменет

Точно на половина мандат, односно две години по формирањето ќе се случи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Точно на половина мандат, односно две години по формирањето ќе се случи реконструкција на Владата. Денеска продолжуваат разговорите меѓу коалиционите партнери, пред финалното на новиот владин кабинет на Мицкоски. Премиерот со пораката „Ако сте уморни, заминете“, веќе најави дека ќе бидат сменети министри и директори кои што скршнуваат од она што треба да биде кодекс на однесување и принципи на Владата.

Ни велат дека ова било последно, дека немало да има повеќе вакви, тогаш ајде сите гласно да испратиме порака до тие што ни велат донесете заклучок дека нема повеќе билатерални прашања, дека е константа и факт македонскиот многувековен континуитет, култура, традиција, обичаи, јазик. И дека нема повеќе никој да ја отвора таа тема, изјави Мицкоски.

Дека во текот на денешниот се очекуваме финализирање на преговорите меѓу коалициони партнери во власта, кажа и лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Реклама

-Односите меѓу коалициските партнери се на највисоко ниво и сметам дека многу објективно ги согледуваме состојбите и потребите, бидејќи власта треба да се прилагоди кон потребите на општеството и граѓаните, во спротивно е само власт, ние немаме намера да бидеме тоа, изјави Димитриевски.

Пред две години Собранието ја избра Владата со поддршка на пратениците од коалцијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Уште во своето експозе премиерот Мицкоски најави високо темпо на работа уште во првите 100 дена од мандатот, привлекување инвестиции и резултати што ќе бидат видливи за граѓаните. Во делот на евроинтеграциите, тој порача дека нема повеќе да се прифаќа бугарски долтат и додека е тој премиер нема уставни измени без јасни гаранции дека повеќе нема да има уцени на европскиот пат.

-Местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија е таму на масата во Брисел со нив, како полноправна членка на Европската Унија. Но, драги браќа и сестри тоа нема да биде спринт или кратка трка, подгответе се за маратон, затоа што ќе мора да се бориме, да го исправиме она предавство и онаа капитулација, која што претходната најкорумпирана во историјата македонска Влада го направи за својот народ и за својата татковина, изјави Мицкоски.

Инаку, Мицкоски е триенесетти премиер на државата и ја предводи 20-тата Влада во самостојна Македонија.

Матеја Петровски