Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

🎥 Повторно падната фасада во Козле – потребна е одговорност и системска проверка

Во населбата Козле повторно падна фасада од зграда, што предизвика загриженост кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во населбата Козле повторно падна фасада од зграда, што предизвика загриженост кај жителите и јавноста. Иако нема повредени, овој сериозен настан испраќа силна порака дека безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет.

Ова не е прв случај на ваков инцидент во Козле – пред неколку години, фасада од слична кула, на само неколку стотина метри подоле, исто така се урна под слични околности. Двете фасади се дел од програмата за енергетска ефикасност, реализирана во периодот кога општината Карпош беше под раководство на тогашниот градоначалник Стефчо Јакимовски.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Христо Саракинов, повикува на институционална одговорност и системска проверка за утврдување на причините за овие инциденти.

Реклама

„Јавно прашуваме дали изведбата на фасадите била во согласност со техничките стандарди и кој вршел надзор над изведбата? Дали постои потреба од дополнителна ревизија на слични објекти во општината? Апелираме до градежната инспекција и другите надлежни институции да ги разгледаат двата случаја, заради безбедноста на жителите и превенција од нови инциденти“, рече Саракинов.

Тој исто така упати повик до Општина Карпош да изврши контрола на сите згради каде што се извршени фасадни зафати во последните години, со цел рано откривање на можни ризици.

„Карпош отсекогаш бил симбол на урбан живот, квалитет и безбедност. Да не дозволиме овие вредности да бидат нарушени. Во име на граѓаните, инсистираме на вистината, но и на корективен однос кон грешките од минатото“, додаде Саракинов.

Овој случај ја отвора потребата за сериозна анализа и одговорност, со цел да се заштити јавната безбедност и да се спречат идни несреќи.