Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Економија

🎥 После години лажни ветувања, се откочи еден од најзаглавените инфраструктурни проекти: пуштен дел од патот Кичево – Охрид

После цели 11 години, за пат и официјално е пуштен во употреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После цели 11 години, за пат и официјално е пуштен во употреба дел од автопатот Кичево – Охрид. Граѓаните и бројните туристи безбедно ќе возат по делницата во должина од 20 километри, од Врбјани до Ботун. Само една година откако ја превзедовме одговорноста да ја водиме државата, успеавме да го одблокираме еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти во Македонија, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

“Проектот кој со години стоеше како симбол на застој, како срамна слика на држава која тапка во место, денес е симбол на новото време. 7 години траеше чекањето, ветувања без дела, бесцелното трошење време, пари и нерви на граѓаните, 7 години нерасчистени имотни односи, променети проекти, нефункционални институции и недомаќинско работење” – рече Премиерот Мицкоски.

До крајот на идната година, целосно ќе биде реализиран овој капитален проект, што значи завршување и пуштање во употреба на автопатот Кичево – Охрид, во должина од 57 километри.

Реклама

“Овој проект беше симбол за неспособноста на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Ова беше заборавен и напуштен проект, на кој ниту имаше работници, ниту имаше инженери, ниту машини. Ова е проект кој што е симбол и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада, и тоа е клучната разлика меѓу нас и нашите политички опоненти” – рече Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Се прават пристапни патишта кон селските средини кои гравитираат вдолж автопатот, со што жителите од 5-те села Оровник, Подмоље, Горенци, Трбеништа и Мешеишта ќе можат да се приклучат на делницата. И ова е само еден од проблемите кои ја кочеа брзата реализација на терен.

”Исто така се работи и на другиот дел на овој пат, а тоа е на санација на косините. Има околу 70 косини, од кои 13 се навистина високо ризични, да речам нестабилни, оставени се долго време на забот на времето. Првата санација на косините ќе ја почнеме следниот месец” – рече Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Првите дваесет километри можат да ги користат граѓаните не само на овие населени места, туку на цела Македонија. Побрзо да се патува до Гостивар, Тетово и Скопје, да се поврзе Македонија со Албанија и да се отворат големите туристички центри Охрид и Струга.

– “Овој автопат не е само парче асфалт и бетон, туку е симбол на напредок, развој и поврзаност. Секако дека овој автопат значајно ќе го забрза развојот на нашиот економски и туристички живот. Овој автопат ќе го позиционира Охрид како уште подостапна и попривлечна дестинација, што секако е клучно за нашата економска иднина” – истакна Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Премиерот Мицкоски кажа дека паралелно со овој автопат се реализираат низа други капитални проекти низ целата земја. Во една година пуштен е во употреба дел од експресниот пат Градско – Прилеп, вреден 37,4 милиони евра, потоа експресниот пат Дреново – Фариш, експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, во должина од 27 км, вреден 28 милиони евра. Се реконструираше патот Охрид – Св. Наум во должина од 25 км, вреден 12 милиони евра. Се гради и патот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, за кој во минатото, како што рече Мицкоски, само авансно се исплаќале фактури, а ништо не се работело.