Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

🎥 Отровен чад над Скопје – пожарите го влошија квалитетот на воздухот

Чадот од пожарите што вчера го зафатија главниот град, беше причина за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чадот од пожарите што вчера го зафатија главниот град, беше причина за мерните станици да регистрираат значителен скок на загаденост во амбиенталниот воздух во главниот град. Со согорување на отпадот во депониите, но и со пожарите се ослободуваат високи концентрации на токсични компоненти кои штетно влијаат врз здравјето на луѓето, објаснува проф.д-р Дејан Мираковски, еден од експертите за мерење на загадерност на воздухот во лабараторијата Амбикон, при штипскиот Универзитет.

„За жал пожарите на депониите, посебно на дивите каде не се знае составот на отпадот што е депониран, се многу опасни, бидејќи емитираат состојки во кратко време високи концентрации на многу токсични компоненти, се шират во близина на местото каде настанал пожарот. Тоа е една од причините кои дополнително го загадуват воздухот. Со загаден воздух ние имаме проблем во текот на зимскиот период, а сега за жал и во текот на летотот се јавуват високи концентрации, токму поради пожарите„ изјави проф.д-р Дејан Мираковски.

Канцерогени супстанци има во се што се согорува. Во димот од согорување на дрвата од вкупно 24 идентификувани компоненти, дури 14 се канцерогени. Според проф.Мираковски, емисиите се присутни во воздухот додека трае пожарот, а потоа се дисперзираат и нивната концентрација се намалува. Професорот, алармира дека најопасно е да се биде директно до чадот.

„Емисиите се присутни во водухот додека трае пожарот. Тие се дисперзиират во многу широк простор, неограничен и се намалува нивната концентрација и не е опасна веќе за здравјето или се таложат во околината на пожарот. Генерално покрупните честички, другото се расејува во многу широк простор и се намалува концентрациите. Опасно е да бидете блиску, односно директно до димот од пожарот„ изјави проф.д-р Дејан Мираковски.

Реклама

Според Мираковски, системот за управување со отпад во државата е нефункционален и наместо депонии, имаме нестандардни и несанитарни ѓубришта, кадешто не се води контрола што и дали соодветно се депонира. Затоа е потребно институциите да се фокусират и да се изградат современи регионални фабрики за отпад. Како пример ја посочи Регионалната депонија во близина на село Мечкуевци, на чија изградба се чека повеќе од една деценија.