Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 📸 Андоновски: Меморандумот со Македонски Телеком носи нови инвестиции во дигиталната инфраструктура

Во име на Владата на Македонија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во име на Владата на Македонија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес потпиша меморандум за соработка со Македонски Телеком, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Потпишувањето на овој стратешки документ претставува значаен чекор кон унапредување на дигиталната инфраструктура.

Андоновски истакна дека ова е стратешки чекор напред во делот на дигиталната трансформација на државата и олеснување на барањата на граѓаните.

Целиот статус и фотографии може да ги погледнете на следниот линк:

Реклама

„Денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Владата на Македонија и Македонски Телеком претставува стратешки чекор напред во нашата визија за дигитална Македонија – инфраструктурно поврзана, технолошки напредна и економски конкурентна. Со овој документ ја подигнуваме соработката на едно повисоко ниво – од досегашна меѓусебна поддршка, кон долгорочно стратешко партнерство со јасно дефинирани цели и заедничка одговорност“, истакна Андоновски.

Министерот за дигитална трансформација дополни дека освен во инфраструктурата, ќе се вложува и во луѓето.

„Македонски Телеком, како водечки приватен инвеститор во дигиталната инфраструктура и истовремено компанија со државен капитал, ќе се посвети на инвестиции со кои ќе обезбеди поврзување на 450.000 домаќинства и компании со гигабитни фиксни мрежи, да ја прошири покриеноста со 5G мрежа, и да изгради нов Tier 3 дата-центар. Но ова партнерство не е само инвестиција во инфраструктура и сервери – туку инвестиција во луѓето. Во рамките на овој Меморандум предвидуваме и активности за дигитална писменост, сајбер безбедност, поддршка на дигитални вештини во образованието и опрема во основните училишта“, подвлече министерот.

„Наша визија е дигитализацијата да не ги оддалечува институциите од граѓаните, туку да ги приближува. Да создаде доверба, предвидливост и достоинство во секое административно искуство. Со вакви партнерства, покажуваме дека Македонија може да гради дигитална иднина што не ги заборава луѓето. Напротив – ги става во нејзиниот центар“, заклучи Андоновски.