Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Ќе се проверуваат сите правни лица од бизнисот со марихуана, не се исклучува можноста количината на заплена да достигне 100 тони, вели Мицкоски

Се очекува Владата денеска на седница да донесе одлука за вршење проверка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се очекува Владата денеска на седница да донесе одлука за вршење проверка во сите правни субјекти коишто се занимаваат со одгледување марихуана и производство на масло од канабис, како резултат на констатираните неправилности и непочитување на Законот кој ја регулира оваа област во неколку правни субјекти, поради што имаше заплена на 40 тони марихуиуана. Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека не ја исклучува можноста количината на запленета марихуана да расте и да се искачи на 100 тони. Смета дека законското решение е во ред, но, оти проблем е што тоа не се почитувало и оти се постапувало по донесен правилник, кој бил во колизија со Законот.  

– Јас веќе најавив дека во периодот што следи ќе се направи проверка и во други објекти. Денеска на Влада ќе се донесе тоа задолжение, а јас поради други активности нема да ја водам седницата, ќе ја води потпретседателот Димовски. Но, очекувам, ваков тип на одлуки да бидат донесени и во деновите што следат да се проверат сите оние компании кои што добиле на некаков начин, лиценца за да ја вршат оваа дејност, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода.

Премиерот вели дека во одреден период кога се доделувале лиценците министер таму бил Венко Филипче, но потенцира, проблемот не е во лиценците туку во правилник кој е во спротивност со законот.

Реклама

– Можете да претпоставите дека во одреден период министер таму е Филипче. Но, лиценците се една работа, а втора работа е што е донесен правилник којшто е ниво под законот, односно е подзаконски акт со кој практично се дозволува да се произведува цвет од канабис којшто не ги задоволува ГМП нормите. Тие биле свесни дека тоа ќе се случи и ако не ги задоволува тие норми, логично е дека со неговото користење или во процесот на екстракција, маслото кое се произведува не може да биде лиценцирано и да се најде во продажба, односно да биде пуштено во продажба. Тоа било многу јасно и за тие кои што го носиле тој правилник. Сега вистинското прашање кој бил мотивот да се донесе таков правилник, ако вие знаете дека не можете да го постигнете квалитетот за да произведете масло коешто ќе се продава на пазарот и коешто ќе ги исполнува нормите? И тука треба да се направи една сериозна истрага, вели премиерот.

Додава дека ова е само почеток на истрагата и акцијата и оти од индикациите и информациите од спроведената истрага од страна на МВР станува збор за многу сериозна работа. 

На 7 февруари Министерството за внатрешни работи информира дека во тек е опсежна акција, во чии рамки е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица, пак, од југоисточниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.