Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Ќе продолжи уредувањето на Соколана во Куманово

За комплетно завршување на спортската сала во Куманово потребни се уште околу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За комплетно завршување на спортската сала во Куманово потребни се уште околу 700.000 евра, изјави градоначалникот Максим Димитриевски. Тој очекува средствата да бидат обезбедени преку владин повик. Во првите три фази од реконструкцијата на спортскиот објект  се реализирани градежни зафати финансирани од Општина Куманово.

-За преостанатите две фази се потребни дополнителни средства во износ од околу 700.000 евра –  информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Тој појасни дека првата фаза, која опфатила статичко зајакнување и обезбедување на објектот од рушење, е целосно завршена и финансирана од Општина Куманово. Завршена е и втората фаза, која се однесувала на замена на кровниот покривач, исто така со општински средства. Според Димитриевски, реализирана е и третата фаза, која опфатила партерно уредување и уредување на спортските терени. Надворешното игралиште, пак, претходно било реконструирано со средства од Агенција за млади и спорт.

Реклама

– Четвртата фаза предвидува поставување столарија и изработка на фасада, а петтата целосно внатрешно уредување на објектот. Чекаме повик од Владата. Очекувам тоа да се случи во текот на 2027 година-изјави Димитриевски.