Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Љутков: „Скопје – европска престолнина на културата 2028“ е проект на луѓето, не само на институциите

Ова не е само проект на институциите. Ова е проект на луѓето.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова не е само проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас. И токму затоа верувам дека „Скопје 2028“ може да биде нешто навистина посебно – порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во главниот град во рамките на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. 

Министерот ја нагласи целосната поддршка од Владата, која се изразува преку институционални, финансиски и политички механизми.  

– „Скопје 2028“ ја има нашата целосна и безрезервна поддршка. Поддршка што не е декларативна, туку институционална, финансиска и политичка. Поддршка што ќе обезбеди континуитет, координација и стабилност – три услови, без кои ниеден ваков проект не може да успее –  истакна Љутков додавајќи дека за реализација се обезбедени 20 милиони евра.  

Реклама

Тој ја опиша титулата европска престолнина на културата како можност за ново гледање на градот и неговата историја.

– Кога зборуваме за европската престолнина на културата, не зборуваме само за титула. Зборуваме за приказни, за луѓе, за градови што се менуваат и се отвораат. Зборуваме за можност еден град да се види себеси на нов начин – и светот да го види него со нови очи – рече Љутков.  

Тој најави ревитализација на скопското Кале, конзервација на акведуктот, реконструкција на Универзалната сала и отворање нови културни простори достапни за граѓаните. Истакна дека процесот е долгорочен и ќе остави трајна трага:  

– Ова што го градиме не е само за 2028 година. Ова е процес што веќе почна – и треба да остави трага што ќе се чувствува долго време потоа – посочи Љутков.

Според него, проектот е можност за поврзување со Европа, уметниците и младите, но, пред сè, е проект на луѓето. 

– „Скопје 2028“ е можност да покажеме кои сме не само пред другите туку и пред самите себеси. Можност да покажеме дека знаеме да работиме заедно, дека знаеме да создадеме и дека знаеме да веруваме во нешто што е поголемо од нас.

Затоа што, на крајот, ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас. И токму затоа верувам дека „Скопје 2028“ може да биде нешто навистина посебно – нагласи министерот.

Настанот се одржува во Скопје, со присуство на претставници од Владата, локалната самоуправа и културните институции.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: