Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Љутков: Чествувањето на св. Кирил е длабоко духовен и цивилизациски настан

Ова чествување не е само дипломатски и државнички чин туку и длабоко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова чествување не е само дипломатски и државнички чин туку и длабоко духовен и цивилизациски настан, кој е силен потсетник на вредностите врз кои се темелат словенската култура, образованието и писменоста, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација на чествувањето на св. Кирил во Рим, кое годинава го организира Собранието на Македонија.

Љутков во изјава за медиумите пред црквата „Сан Клементе” во Рим, каде што на гробот на св. Кирил се одржа молебен, истакна дека светителот е еден од најголемите духовни и просветителски дејци во словенскиот свет кој, рече, оставил длабока трага во развојот на словенската писменост и култура

-За нас како држава, наследството на светите браќа Кирил и Методиј е живо и денес и тоа се гледа од нашата посветеност и заложба во зачувувањето на македонскиот јазик, на културата и духовната традиција, како и од грижата за културното наследство и промоцијата на вредностите на дијалогот, просветителството и меѓусебното почитување – истакна министерот Љутков.

Реклама

Манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил” ќе биде заокружена утре со концерт на ансамблот „Консонанс” што, рече Љутков, е можност македонската култура достоинствено да ја претставиме пред меѓународната јавност

-И да ја потврдиме нашата вековна поврзаност со делото на светите браќа Кирил и Методиј. Како и секоја година, Министерството за култура и туризам го одржува и го финансира овој настан, кој е посебен за нашата култура и за меѓународната јавност – рече Љутков.