Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Љутков: Струшките вечери на поезијата се признат фестивал со македонски идентитет

Струшките вечери на поезијата се признат фестивал со македонски идентитет и тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшките вечери на поезијата се признат фестивал со македонски идентитет и тоа треба еднаш засекогаш да ви биде јасно. Стандардна практика е да се преведува на светските јазици, затоа што таму не ни доаѓаат само од одредени места, туку од сите страни на светот, одговори министерот за култура и туризам Зоран Љутков на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која праша зошто албанскиот јазик отсуствува од промотивните материјали на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Според министерот Љутков, целта на манифестацијата е да го заштити македонскиот јазик и да го промовира во целиот свет.

-Ако бевте синоќа на отворањето, ќе забележевте дека говорот на претседателката на државата и говорот на министерот за култура и одредени поезии беа преведени и на албански јазик. Но, тоа не можевте да го видите затоа што вашата суштина, вашата тенденција е се што е добро во државата, не да го гледате како суштина, како историја, како култура или традиција, туку суштината е да го гледате на национална основа, на етничка основа, а себеси да се гледате како проценти. Дали знаете која е историјата на Струшките вечери на поезијата? Дали знаете зошто е создадена таа манифестација? Оваа манифестација е да го заштити македонскиот јазик и да го промовира во целиот свет. Тоа кога ќе го разберете, тогаш ќе престанете да зборувате за проценти, за тоа дали имало превод или немало превод, посочи министерот Љутков до пратеничката Пашоли.

Реклама

Тоа е, додаде тој, светска манифестација за поддршка на македонскиот јазик и превод треба да има на англиски јазик, за да не разбере целиот свет, и оти тоа е признат фестивал со македонски идентитет. Стандардна практика е да се преведува на светските јазици, бидејќи, вели, доаѓаат гости од целиот свет.

-Синоќа еден поет од Македонија својата поезија ја кажа на албански јазик и доби аплауз. Престанете да се гледате како проценти, тоа не е добро. Излезете, поддржете ја културата, зборувајте за убавините во Македонија, за убавата култура, а не да се гледате како процентче, одговори министерот за култура Љутков на пратеничката Пашоли.